Пропадна уште една потрага: Ни трaга од исчезнатиот малезиски авион

Исчезнатиот малезиски авион не се наоѓа во подрачјето во кое се детектирани акустични сигнали доведени во врска со ова летало, соопштија австралиските власти, пренесоа медиумите.

Роботската подморница „Блафин-21“ завршила со пребарувањето и не пронашла ништо, се наведува во соопштението на Центарот за координација на истрагата.

Сега повторно ќе биде извршена проверка на податоците кои се собрани во текот на истрагата, а ќе биде доопремена и додатна опрема, пренесе Би-Би-Си.

Авионот на летот „MH370“ исчезна на 8-ми март на летот од Куала Лумпур кон Пекинг. Во него биле 239 патници и членовите на екипажот.

Со користење на сателитите се дојде до заклучок дека авионот паднал во водите на Индискиот океан, северозападно од австралискиот град Перт.

Текот на потрагата забележана се четири звучни сигнали „пинг“, за кои се веруваше дека потекнувале од црните кутии на исчезнатиот авион.

„Нашата најдобра теорија е дека тие сигнали потекнувале од некој брод или од електроника на локаторите на акустични сигнали“, изјавил Мајкл Дин, инженер во американската морнарица.