Пропаднаа преговорите, Грција барала да се избрише Македонија од името

Македонија и Грција вечерва не најдоа заедничко решение за спорот околу името, па преговорите пропаднаа, напиша синоќа српскиот портал „Курир“.

Како што „Курир“ ексклузивно дознава, грчката страна побарала „премногу“, поточно од името целосно да се извади „Македонија“.

Од долгонајавуваниот компромис за сега нема ништо и покрај добрата волја. Потсетуваме дека и двете страни последниве неколку месеци излегуваа со оптимистични ставови во врска со пронаоѓањето решение прифатливо за двете страни, а поддршка доаѓаше и од челните места во САД и ЕУ, пишува порталот.