вторник, 27 јуни 2017  |  Вести денес: 52

Пропаднаа преговорите за коалициска влада на Холандија

За да може да се формира владејачко мнозинство во парламентот со 150 мандати, во преговорите на левицата се вклучи и Зелената левица

Холандскиот премиер на заминување Марк Руте

Холандскиот премиер на заминување Марк Руте

Поврзани вести

Различните ставови за имиграцијата беа причината за неуспехот на тешките преговори кои траеја осум седмици за составување на коалициската влада на Холандија, соопшти во понеделникот главниот преговарач.

„Се обидовме да сториме сé што е можно за да ги ублажиме разликите и тие се намалија…., меѓутоа, сепак, не успеавме“, изјави за новинарите Едит Шиперс, политичката челничка којашто ги надгледува преговорите за формирање влада.

Во преговорите учествуваат Либералната Народна партија за слобода и демократија (VVD) на премиерот на заминување Марк Руте, којашто на парламентарните избори на 15 март освои 33 пратенички места или десет помалку од претходните избори, и уште три партии: Христијанско-демократската партија (CDA) со 19 мандати, Демократите (D66) исто така со 19 пратеници и зелените.

 

За да може да се формира владејачко мнозинство во парламентот со 150 мандати, во преговорите на левицата се вклучи и Зелената левица (GroenLinks) чиј лидер Јесе Калвер во март успеа да го зголеми бројот на пратеници од 4 на 14 и за кој коментаторите се сомневаат дека е наклонет на договор.

Един Шиперс, министерка за здравство на заминување и главен преговарал задолжен за успешен завршеток на преговорите, изрази жалење поради неуспехот. „Заеднички заклучивме дека тоа не би одело“, изјави.

Прашањето на доселениците било главната пречка, со разликите поврзани со климатските промени и нивото на приходите.

Челникот на крајната десница Геерт Вилдерс, чијашто евроскептична, антидоселеничка и антиисламска Партијана слободата (PVV) беше втората поединечно најсилна партијана изборите, изрази на Twitter задоволство поради неуспехот на преговорите и рече дека неговата партија „стои на располагање“.

Премиерот Руте и неговата партија, како и другите партии во парламентот, одбиваат соработка со крајната десница.

Коалициските влади се вообичаени за Холандија. Во 2012 година на Руте, кој сега може да го добие третиот мандат, му беа потребни 54 дена да ја состави владата. Рекордот е поставен во 1977 година, кога преговорите траеја 208 дена.

Најчитани вести