Македонија

Пропаѓање на патот и свлечиште – Внимателно возете кон Лакавица и Страцин

Пропаѓање на патот и свлечиште – Внимателно возете кон Лакавица и Страцин

На патниот правец Лакавица-Неготино на 7 километри над село Лесковица има пропаѓање на патот во должина од 200 метри, на кој е извршена санација. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. На овој дел сообраќајот се одвива успорено.

На патен правец Страцин – К.Паланка поради свлечиште зафатена е третата лента од коловозот во должина од 150 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и се работи на расчистување.