Пророштво на баба Ванѓа: Во пролетта 2014 ќе тече „река од трупови“

Украинскиот бизнисмен, Анатолија Лубченко објави разговор што го имал со познатата бугарска јасновитка,Вангелија Гуштерова односно баба Ванѓа, непосредно пред нејзината смрт во 1996 година. Во разговорот таа вели дека во 2014 година ќе има многу човечки трупови.

Таа на Лубченко му открила детаљи од нашата блиска иднина, која можеби и не би сакале да ни стане позната.

Според пророштвото на баба Ванѓа, светот на пролет би требало да очекува големи поплави кои со себе ќе донесат „реки од трупови“. Не прецизирала кој дел од Земјата ќе биде погоден, но разни јасновидци пророчуваат дека се работи за повеќе различни поплави ширум светот, кои ќе се случат по топењето на снегот.

И кога катастрофата ќе помине и ќе помислиме дека сме безбедно, ќе не чека уште поголем пекол, според баба Ванѓа. Се работи за болест на кожата, епидемија наводно поопасна од СИДА, а ќе ги покоси мажите. Пророштвото вели дека ќе умираат во страшни маки, а телата ќе им бидат полно со гнојни чиреви.

Според одредени извори, баба Ванѓа досега ги прорече смртта на принцезата Дајана, на Хитлер и Сталин, нападот на Светскиот трговски центар во Њујорк, датумот на смртта на бугарскиот крал Борис Трети и датумот на својата смрт.