Пророштвото на Тесла: Мажите ќе бидат бескорисни, а жените ќе владеат со светот

Кога Никола Тесла одлучил да остане неженет, се јавиле бројни љубопитни да дознаат зошто овој генијалец се одлучил за ергенски живот.

Ова прашање ги интересирало и неговите современици, па новинарите на весникот „Галвестион дејли њуз“ во 1924 година прашале дали неговата интелегенција му открила некои фатални недостатоци во институцијата брак, кои не се очигледни за „обичниот човек“. Во разговор со новинарите на овој весник Тесла во таа далечна 1924 година објаснил „зошто никогаш нема да се жени“.

„Отсекогаш сум сметал дека жените поседуваат нежен и суптилем квалитет на умот и душата, кои во тие аспекти ги чинат супериорни над мажите… Ги ставав жените на пиедестал и во тие некои особини ценев дека се многу подалеку од мажите. Се восхитував во подножјето на таа креатура која ја издигнував на висина и како и секој вистински обожавател се чувствував недоволно вреден за објектот на своето обожавање“, вели Тесла.

Потоа додава: „Сето тоа беше во минатото. Сега, оваа жена, со нежен глас која ја обожавав исчезна. На нејзинот место дојде жена која мисли дека нејзиниот главен успех во животот е да биде што повеќе како маж – во облекувањето, во однесувањето, во спортот и достигнувања од било кој вид.“

Во сите овие причини, Тесла образложува зошто никогаш не се оженил.

„Жените… стануваат посилни од мажите и физички и ментално. Светот искуси многу трагедии, но според моето мислење, најголемата трагедија од сите е актуеланта економска ситуација во која жените се против мажите и во многу случаеви успеваат да ги узурпираат нивните места во професијата и во индустријата. Оваа растечка тенденција жените да ги засенат мажите е знак на цивилизација во пропаѓање.“

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.