Свет

Проруски демонстранти ја исвиркаа Меркел среде Берлин

Проруски демонстранти ја исвиркаа Меркел среде Берлин

Проруско настроени демонстранти го прекинаа предизборниот митинг на германската канцеларка Ангела Меркел  во Берлин, повикувајќи на апсење на „нацистите во Украина“.

Околу 100 демонстранти, кои носеле капи со руски амблем , вчеравечер ја исвиркале Меркел и мафтале со плакати на кои пишувало „Уапсете ги нацистите во Украина“ и „Без војна против Русија“.

Протестот е одржан зад бариерите поставени во задниот дел на салата во која се одржувал собирот, кој бил во организација на христијанско-демократската унија и на кој присуствувале околу 200 луѓе.

Еден од говорниците на собирот по повод претстојните избори и член на Европскиот парламент, Јоахим Целер изјавил дека би било подобро овој протест да биде одржан на московскиот Црвен плоштад.

Челниците на украинските власти вчера изјавиле дека нема да потклекнат пред „уцените“ на проруските сили, кои на истокот од земјата држат под контрола повеќе од 10 градови и по референдумот одржан на 11-ти мај ќе бараат припојување кон Русија.