Проруски протест за мир во Доњецк

Во блиска иднина, самопрогласената република, Доњецк, за своја парична единица ќе ја има рубљата, ова денеска на мирниот протест на плоштадот Ленин го изјави Денис Пушилин, претседателот на Врховниот совет на Доњецката Народна Република.

На мирнот протест учествуваа околу 2.500 граѓани, скандирајќи „Русија“.

Пушилин нагласи дека во моментот најважно за проруските сепаратистички сили е тука да се обезбеди заштита на децата кои се наоѓаат во зоната на воени дејствија. Се организира нивно евакуирање во кампови на Крим и во Русија.