Проруски сепаратисти ја презедоа контролата врз аеродромот во Доњецк

Проруските активисти ја презедоа контролата врз меѓународниот аеродром во Доњецк, соопшти денеска Министерството за одбрана на самопрогласената Народна Република Доњецк.

– Денеска можеме да кажеме дека ја контролирале територијата на аеродромот во Доњецк и неговата околина, изјави портпаролот на Министерството за одбрана, јави ТАСС.

Министерството додаде дека во аеродромската зграда се’ уште се наоѓаат десет украински војници, но дека тие престанале да пружаат отпор и наскоро ќе го напуштат аеродромот.

Аеродромот во Доњецк беше постојано место на судири помеѓу проруските активисти и украинските сили, и покрај тоа што на 5 септември минатта година е постигнат договор помеѓу двете страни.