Проруските сепаратисти ја напуштија окупираната зграда на обвинителството во Луганск

Проруските сепаратисти ја напуштија зградата на регионалното обвинителство во Луганск, која беше окупирана на 29 април.

Зградата била ослободена како резултат на преговорите меѓу претставниците на власта и луѓето кои ја окупираа.