Проруските сепаратисти од Доњецк најавија повлекување на тешкото оружје

Доњецката народна република прогласена од проруските сепаратисти во источна Украина, објави денеска дека почнала да го повлекува тешкото оружје од линијата на судири. Тоа го соопшти претставникот на министерството за одбрана на таа самопрогласена република, Едуард Басурин, пренесе МИА.

Повлекувањето почнало утрото по локално време. Планирано е повлекување на 96 единици артилериско оружје Д-30 од реонот на Дебалцево, Горловска, Доњецк и Телманово.

Сепаратистите од Лугањската народна република соопштија дека напладне ќе почнат со повлекување на тешкото отужје од реонот на Дебалцево.

фото: Reuters