Проруските сили потврдија дека ги притвориле набљудувачите на ОЕБС

Проруските сили во Украина утринава потврдија дека ги притвориле набљудувачите на ОЕБС, пренесува агенцијата АФП.Aгенцијата АП ја пренесе изјавата на самопрогласениот „народен градоначалник“ на градот Славјанск, Вјечеслав Пономарев дека неговите борци држат четворица набљудувачи на ОЕБС.

Пономарев изјави дека набљудувачите се безбедни и вети нивно брзо ослободување. Пономарев не изнесе никакви услови за нивно пуштање на слобода.

Рускиот амбасадор во ОН, Виталиј Чуркин потврди дека еден руски граѓанин е меѓу една група набљудувачи на ОЕБС и ова го оцени како „чин на саботажа“.

ОЕБС во вторникот соопшти дека изгубил контакт со тимот од четворица набљудувачи во Доњецк, на истокот на Украина.