Просечен Македонец годишно пие околу два литра вино и еден литар ракија

Македонското поднебје е надалеку познато по вкусното вино и автентичната ракија, а посебно значење добива денеска по повод големиот празник Свети Трифун.

Македонската статистика покажува дека во 2012-та година еден просечен полнолетен Македонец испил по 1,8 литри вино и еден литар ракија.

Статистика забележува дека во земјава околу 48.000 земјоделски стопанства имаат лозови насади. Во последните неколку години, површините под лозови насади бележат благ пораст и опфаќаат површина од над 20.000 хектари на која што се насадени околу 80 милиони пенушки.

Од сопствено производство на грозје, индивидуалните земјоделски стопанства преработуваат 55 илјади тони грозје и произведуваат 13 милиони литри вино во домашни услови. Вкупното производство на вино во винариите во 2012-тата година изнесуваше над 78 милиони литри наливно вино и над 15 милиони литри вино во шишиња, додека во 2013-та година производството на наливно вино изнесуваше над 102 милиони литри, а во шишиња над 15 милиони литри.

Интересен е фактот, наведува статистика, што во последните години трендот на производство на вино во шишиња е во пораст и се движи од 14 милиони 937 илјади и 200 литри во 2010-та година, 15 милиони 901 илјади 900 литри во 2012-та и 15 милиои 344 илјади 200 литри во 2013-та година.

Во текот на минатата година Македонија извезе  над 17 милиони литри вино во шишиња во вредност од 17,8милиони евра и над 71 милиони литри наливно вино во вредност од над 32 милиони евра. Во последниве години трендот на извоз на вино
во шишиња е во пораст и се движи од девет милиони 859 илјади 792 литри во 2010 година, до 17 милиони 12 илјади 323 литри во 2013 година.

Меѓу земјите надвор од Европа вино во шишиња најмногу се извезува во Кина, Канада, САД и Јапонија.

Во земјава функционира 81 винарија, претежно во Скопје, Кавадарци и Неготино.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.