Просечната цена на струјата во втората половина од 2014 поскапела за 4,78 отсто

Просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинствата во втората половина од минатата година изнесува 5,09 денари по киловат час и е повисока за 4,78 отсто во споредба со првото полугодие од годината.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната цена на електричната енергија, без данокот на додадена вредност по групи на потрошувачи за индустријата, се движи од 3,9 до 8,21 денари по киловат час.

Просечната цена, пак, на природниот гас, без данокот на додадена вредност за индустријата, се движи од 27,49 до 28,72 денари по нормален метар кубен во зависност од групата на потрошувачи.