Просечната нето плата се зголемила за околу еден отсто

Просечната нето плата во Македонија во април изнесувала 21.175 денари и е за 0,9% повисока од платата исплатена истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика.Во април 2014 година, 1.5% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен во секторите: Градежништво (7.4%), Дејности во врска со недвижен имот (5.6%) и Административни
и помошни услужни дејности (5.2%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (5.0%), Финансиски
дејности и дејности на осигурување (3.1%) и Градежништво (3.0%).