Економија

Просечната нето плата во декември е 22.407 денари

Просечната нето плата во декември е 22.407 денари

Според податоците од Државниот завод за статистика просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2014 година изнесувала 22.407 денари и во однос на декември 2013 е зголемена за 4,2 проценти.

Зголемувањето се должи, пред сè, на повисоката просечна месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: „стручни, научни и технички дејности“ за 16,9 проценти, „градежништво“ за 11,5 проценти и „преработувачка  индустрија“ за 8,8 проценти. Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, има во секторите „стручни, научни и технички дејност, за 19,8 проценти, „трговија на големо и трговија на мало“, поправка на моторни возила и мотоцикли (11,1 проценти и други услужни дејности 9,7 проценти.

Во декември 2014 година бруто платата изнесувала 32.741 денар, а 1,2 проценти од вработените во Република Македонија не примиле плата.