Просечната плата во февруари е 20.941 денар

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во Македонија во февруари годинава изнесува 20.941 денар и бележи зголемување од 0,1 отсто во однос на февруари минатата година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, највисока просечна нето исплатена плата по работник во февруари е 49.041 денар во областа на финансиите и осигурувањето.

Забележаното зголемување од 0,1 отсто е резултат на повисоките плати по вработен во ссекторите рударство и вадење камен за 16,5 отсто, градежништвото за 8,7 отсто и административни и помошни услужни дејности за 4 отсто.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите Земјоделство, шумарство и рибарство  за 6,5 отсто, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 6,5 отсто и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 4,7 отсто.

Во февруари 2014 година, 1,3 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во февруари 2014 изнесува 30.662 денари.