Просечната плата во ноември 21.558 денари

Просечната исплатена нето плата по работник во ноември 2014 година изнесувала  21.588 денари и бележи зголемување од 2,5 проценти во однос на ноември 2013 година, објави Државниот завод за статистика. 

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите Стручни, научни и технички дејности за 8,5 отсто, Рударство и вадење на камен за 7,6 отсто и Финансиски дејности и дејности на осигурување за 7,4 проценти. 

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите Рударство и вадење камен за11,2 проценти, Градежништво за 4,4 отсто и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2,8 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна бруто-плата по вработен, во ноември 2014 година изнесувала 31. 644 денари и бележи зголемување од 2,4 отсто во однос на ноември 2013 година.

Во ноември 2014 година, 1,1 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.