петок, 2 декември 2016  |  Вести денес: 65

Просечна плата во јули 22.334 денари

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јули годинава е повисока за 2,2 отсто во споредба со јули 2015 година.

120117160

Последни вести

Во јули годинава просечната месечна исплатена нето-плата по вработен изнесува 22.334 денари и е за 2,2 отсто повисока во споредба со истиот месец лани, а 1,6 отсто од вработените воопшто не примиле плата.

Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето се должи на повисоката просечна месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите Градежништво за 9 отсто, Административни и помошни услужни дејности 6,7 и Информации и комуникации за 6,2 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли од 3,6 отсто, Преработувачка индустрија 3,4 и Административни и помошни услужни дејности 1,8 отсто.

Просечната, пак, месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јули годинава е повисока за 2,2 отсто во споредба со јули 2015 година.

Зголемувањето е резултат на повисоката просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите Градежништво за 9,1 отсто, Административни и помошни услужни дејности 6,4 и Земјоделство, шумарство и рибарство 6,2 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 3,4 отсто, Преработувачка индустрија 3,3 и Административни и помошни услужни дејности 2 отсто.

Најчитани вести