Просечната нето плата лани во декември 23.457 денари

плата

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен лани во декември е за 3,3 отсто повисока во споредба со истиот месец од 2015 година.

Зголемувањето се должи, на повисоката просечна месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација за 55,8 отсто, Информации и комуникации за 9,6 и Градежништво за 7,7 отсто.

Повисока исплатена просечна месечна нето-плата во споредба со претходниот месец има во секторите: Уметност, забава и рекреација од 48,2 отсто, Информации и комуникации 22,1 и Стручни, научни и технички дејности од 13 отсто.

Просечната, пак, месечна исплатена бруто-плата по вработен во декември 2016 изнесува 34.374 денари. Зголемување во однос на претходниот месец има во секторите Уметност, забава и рекреација од 38,5 отсто, Информации и комуникации за 20,3 и Стручни, научни и технички дејности за 11,2 отсто.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во декември лани во споредба со истиот месец од 2015 година е зголемена за 3,2 отсто.

Зголемувањето се должи на повисоката просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација за 45,1 отсто, Информации и комуникации за 9,8 и Градежништво за 8,2 отсто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.