Просечната месечна нето плата по вработен во Македонија во декември минатата година изнесувала 22.715 денари, објави денеска Државниот завод за статистика.
Зголемувањето се должи, пред сѐ, на порастот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 11,00 отсто, Уметност, забава и рекреација за 6,1 отсти и Информации и комуникации за 5,8 отсто.
Зголемување на просечната нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности за 18,8 отсто, Информации и комуникации за 9,9 отсто и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 8,9 отсто.
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во декември 2015 изнесувала 33.299 денари и бележи раст од 1,7 отсто.
Во декември 2015 година, 1,3 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.