Просечната нето плата во ноември 22.380 денари

плата

Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во ноември 2016 година, во однос на ноември 2015 година се должи, пред сѐ, на повисоката исплатена нето-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен за 10,5 отсто, Уметност, забава и рекреација за 8 и Градежништво за 7,3 отсто.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 5,1 отсто, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 3,8 и Земјоделство, шумарство и рибарство за 3,2 отсто.

Зголемувањето, пак, на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во ноември 2016 година, во однос на ноември 2015 година, се должи на повисоката просечната месечна бруто-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен за 10,6 проценти, Градежништво 8 и Уметност, забава и рекреација за 7,7 проценти.

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 4,8 отсто, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 3,9 и Земјоделство, шумарство и рибарство од 3,4 отсто.