Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2016, изнесува 22.191 денари и бележи раст од 0,8 проценти во однос на септември лани, објави Државниот завод за статистика.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво за 8,7 отсто, Земјоделство, шумарство и рибарство за 7,2 отсто и Информации и комуникации за 6 отсто.
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен за 3,4 отсто, Финансиски дејности и дејности на осигурување за 2,7 отсто и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2,4 отсто.
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во септември 2016 изнесува 32.640 денари и бечежи раст од еден отсто.
Во септември 2016 година, 1,2 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.