Просечната плата наместо да расте, се намалува

Државниот завод за статистика го објави податокот за Бруто и нето просечна плата во Република Македонија. Според извештајот, просечната нето-палта во февруари изнесува 23.158 денари, што во однос на претходниот месец претставува намалување од 867 денари или 3,6 проценти. Во однос на септември 2017 година (месецот кога се се покачи прагот на минималната плата), намалувањето изнесува 70 денари или 0,3проценти.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (26.4 проценти), Транспорт и складирање (11.7 проценти) и Рударство и вадење на камен (9.9 проценти).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2018, изнесува 23 158 денари. Од јануари 2018 година Државниот завод за статистика го промени досегашниот начин на прибирање на податоците за плати (хартиени обрасци со податоци чиј извор беа деловните субјекти) и премина кон користење податоци од административен извор – Управата за јавни приходи. Промената е направена со цел да се намали оптовареноста на извештајните единици и да се подобри квалитетот на податоците.

Имено, Владата на Република Македонија излезе со информации дека просечната плата по вработен за месец јануари изнесувала 24.025 денари. Министерот Драган Тевдовски излезе со изјава дека ова е најголемиот раст на платите од 2010 година на што голем дел од јавноста реагираше дека оваа бројка е резултат на промена во методот на прибирање на податоците на плата.

Од опозициската ВМРО –ДПМНЕ реагираа дека се работи за сменета методологија која дава покачување на платата само на хартија. Од ВМРО ДПМНЕ изјавија дека во Македонија нема пораст на плати, туку само промена на методот на прибирање на податоците за плата,

Опозицијата смета дека СДСМ има намера да ја смени секоја методологија само за на хартија да ја покачи просечната плата.

На оваа вест реагираа и луѓе на социјалните мрежи кои се гневни заради лажните податоци пласирани од страна на Владата кога граѓаните ниту најмалку не чувствуваат дека живеат подобро.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.