Македонија

Проширување на мрежата за јавно осветлување во општина Илинден

Проширување на мрежата за јавно осветлување во општина Илинден

Во Општина Илинден во тек е проширување на мрежата за јавно осветлување.

Од населено место Бучинци во правец кон населено место Мршевци  се постави нова линија за осветлување во должина од 650 метри.

Нова  линија се инсталира и на  потегот  населено место Ајватовци кон Бунарџик  во должина од 1130метри, и на неколку споредни улици  во  Бунарџик  во должина од 400 метри.

Паралелно со инсталирањето на нови линии за улично осветлување и докомплетирање на постојните се вршат и интервенции за отстранување на оштетените сијалични места и се вградуваат нови.На овој потег поставени  се 30 нови светилки.

Општина Илинден продолжува со активноста за проширување на мрежата за јавно осветлување  во сите населени места во општината, секаде каде што има потреба од нова улична мрежа.

Проширувањето  на  мрежата за јавно  осветлување значително ќе ја подобри осветленоста на локалните патишта и ќе придонесе за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.