Проширувањето на НАТО приоритет, тоа особено се однесува на Македонија

Американскиот помошник-државен секретар за европски и евроазиски работи, Викторија Нуланд по средбата со премиерот Груевски изјави дека САД силно ќе продолжат да го поддржуваат процесот во ОН за решавање на проблемот со името со цел Македонија да го добие заслуженото место во НАТО и ЕУ.

Одговарајќи на прашање дали проширувањето се уште останува приоритет за НАТО, Нуланд рече секако, нагласувајќи дека тоа особено се однесува за Македонија.