Проштална средба на министерот Џафери со кинескиот амбасадор Зхивеи

Република Македонија и Народна Република Кина имаат одлични односи и плодна соработка во областа на одбраната и безбедноста, факт кој може да се потврди и преку честите контакти помеѓу високи претставници на двете земји. Тоа го истакнаа министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери и амбасадорот на НР Кина во нашата држава, Цуи Зхивеи на денешната проштална средба која се одржа во  Министерството за одбрана.

Министерот Џафери во оваа пригода му се заблагодари на амбасадорот Зхивеи за неговата поддршка и за поддршката која неговата земја ја дава на Министерството за одбрана и на Армијата на Република Македонија во форма на донации на компјутерска опрема, како и за можностите за воена обука и школување на припадници на АРМ во НР Кина и воедно му посака успех на личен и професионален план и во иднина.

За време на средбата од страна на двајцата соговорници беа разменети позитивни впечатоци за досегашната одлична меѓусебната соработката и во таа прилика беше истакнато дека истата ќе продолжи и во иднина.

Соработката во областа на одбраната, двете земји ја темелат на Спогодбата потпишана во 2004 година, со која се регулираат меѓусебните контакти во повеќе области и тоа воената наука и технологија, военото образование, воената култура, спорт и медицина и сл. Одличните односи помеѓу двете земји се потврдуваат и со посетата на министерот за национална одбрана на НР Кина на Република Македонија која беше реализирана на почетокот на минатата година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.