Проштална средба Вељаноски-Волерс

Претседателот на Cобранието на Pепублика Македонија, Трајко Вељаноски оствари проштална средба со амбасадорот на САД во Република Македонија, Пол Волерс.

На самиот почеток на средбата, двајцата соговорници изразија задоволство од денешната средба и благодарност за сите досегашни средби кои се еден од показателите за успешната соработка меѓу двете земји. Соговорниците посочија дека соработката се одвивала на исклучително високо ниво со взаемно разбирање и пријателство.

На средбата претседателот Вељаноски истакна дека Република Македонија во Соединетите Американски Држави гледа голем пријател кој секогаш излегува во пресрет на нашата држава и нејзините граѓани и се заблагодари за досегашната поддршка која ја добива Собранието на Република Македонија.

Претседателот Вељаноски изрази надеж дека и во иднина ќе продолжи поддршката која Соединетите Американски Држави и ја даваат на Република Македонија и дека што поскоро ќе се исполни најважната стратешка цел на Република Македонија, а тоа е членството во Нато алијансата и во Европската унија. Двајцата соговорници се согласија дека евроатланската интеграција на Република Македонија е од исклучителна важност, како за регионот така и за Европа во целост.

Амбасадорот Волерс го искажа своето задоволство од соработката со Собранието на Република Македонија и со претседателот Вељаноски која ја имал во својот мандат. Тој истакна дека во иднина се надева на зголемување на бројот на посети од страна на американските конгремени и сенатори и на тој начин да се продолжи континуитетот на соработката.

На крајот на средбата претседателот му посака успешна работа на амбасадорот Волерс во неговите идни задолженија и ја потенцираше отвореноста на Собранието за соработка и за непосредна и континуирана комуникација со Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија.