Проширен прифатниот центар во Момин Поток

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, денеска  го посетија Пунктот и Прифатилиштето за бездомни лица, лоциран во Момин Поток, каде што е поставен уште еден контејнер со што е зголемен капацитетот на Прифатилиштето.

– Денеска на 26 јули, кој Градот Скопје го смета за ден на хуманоста и солидарноста, го пуштаме во употреба новиот контејнер во Пунктот и Прифатилиштето за бездомни лица што градот Скопје го набави и постави од пренаменетите средствата во износ од 2 милиона денари. Овие средства што беа предвидени за Новогодишната прослава, Градот ги намени за проширување на капацитетот на Пунктот за бездомници во Момин Поток, и сега двојно е зголемен капацитетот, досега имаше само 16 кревети, а сега сместувачкиот капацитет на Прифатилиштето е зголемен за уште 16 кревети и тој располага со вкупно 32 кревети, направени се уште 3 туш кабини, зголемени се санитарните јазли, купен е и целокупниот инвентар,  а поставен е и нов ситем на соларна енергија, со  што ги подобруваме условите за овие граѓани. Моментално според евиденцијата на Црвениот крст на Град Скопје пунктот го посетуваат 170 бездомни лица, од кои  дневно го посетуваат 65 бездомници и ги добиваат сите потребни услуги. Исто така, како што веќе знае Градот ја воведе и праксата  дел од бездомните лица, односно оние коишто  ќе изразат желба да бидат работно  ангажирани во јавните претпријатија како ЈП „Комунална хигина“ или ЈП„Паркови и зеленило“. Веќе 10 лица по тој основ се вработени во овие две јавни претпријатија, а со Црвениот крст планираме таа пракса и во иднина да ја продолжиме за да им помагаме на оваа категорија граѓани со вработувања и тие да дојдат до свои материјални средства за да почнат со нормален живот. Градот Скопје, веќе 8 години интензивно се грижи за работата на овој Пункт и во соработка со Црвениот крст на Град Скопје, континуирано го помага работењето со по 500.000 денари годишно, а оваа наша поддршка ќе продолжи и во иднина и се надевам дека ќе успееме за 2018 година да ги зголемиме средствата. Сакам да се заблагодарам на Црвениот крст на Град Скопје, и на Република Македонија, на волонтерите на Цревениот Крст којшто секојдневно се грижат за овие лица, како и на големиот број фирми, компании, домаќинства и граѓани коишто донираат средства и ја покажуваат својата хуманост и посветоност во помагањето на бездомните лица за да им се подобрат условите на живот- истакна градоначалникот Трајановски.

Prosiren kapacitet za punktot za bezdomni lica MP (5)

Секретарот на Црвениот крст на Град Скопје, Сузана Тунева-Пауновска рече дека системот којшто го спроведуваат во пунктот со користење на услугите на   медицинска заштита и лекови, облека, психолошка поддршка, правна помош и други услуги се покажал како добра пракса и дека сега со зголемување на капацитетите уште повеќе се зголеми квалитетот на грижата за овие бездомни лица.

Prosiren kapacitet za punktot za bezdomni lica MP (1)

Денеска градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски им додели и благодарници на граѓани, организации и компаниии коишто со својата хуманост во текот на изминатата година се издвоиле од преостанатите хуманисти.

Добитници на благодарници се: Зорица Спасов, Алумни асоцијација, ТЕТЕКС АД, GLAZBAUNING  и д-р Стојче Тоциновски.