Проширете ги тесните чевли со вода?

Sore feet trying on shoes

Секоја жена барем еднаш во животот се сретнала со проблемот со тесни чевли. Ова е посебно случај со новите чевли што допрва треба да се разгазат, а додека да дојде до тоа стопалата ви се цели со плускавци.

Сепак, постои просто решение за овој проблем, особено ако се во прашање чевли од природни материјали, на прво место од кожа, а се што ви е потребно е вода и две пластични чеси со затворач.

Земете ги кесите и во нив ставете ¼ вода. Ставете ги во чевлите, па чевлите во замрзнувач.

Кога водата ќе замрзне извадете ги чевлите од замрзнувачот, па оставете ги 20-тина минути за мразот да се стопи. Извадете ги кесите и исушете ги чевлите со фен.

Овој трик е одличен за кожни чевли и може да ги рашири за цел број.

Може да се примени и на вештачка кожа, но таа има тенденција за враќање, така што процесот веројатно ќе мора да го повторите по одредено време.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.