Прослава на Денот на македонската независност во Брисел

Прослава на Денот на македонската независност во Брисел
Прослава на Денот на македонската независност во Брисел

Во организација на амбасадата на Република Македонија при Кралството Белгија и на постојаните македонски мисии при Европската унија и НАТО, синоќа во замокот „Света Ана” во Брисел се одржа прием по повод Денот на независноста на Македонија.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, амбасадорите Лазар Еленовски (Белгија), Андреј Лепавцов (ЕУ) и Зоран Дабиќ (НАТО) беа домаќини на европската и светска политичка елита, амбасадори, дипломати, претставници на Европската комисија и НАТО, Македонци од Белгија што уживаа во традиционалната македонска кујна и вина.

Брисел прослава

Во Брисел, амбасадорите Еленовски, Лепавцов и Дабиќ им порачаа на повеќе од 200 присутни гости дека Македонија во овие 24 години независност докажала дека има јасна визија за своето место во Европа и реформски капацитет што ќе придонесе за нејзино побрзо интегрирање во Европската унија и НАТО. Истовремено, присуството на белгиската бизнис-елита покажа дека Македонија пред инвеститорите во Белгија е примамлива дестинација, а дел од нив како компанијата за производство на автобуси „Ван Хол” веќе се присутни во нашата држава.