недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 30

Прославен 11-от роденден на општината- Аеродром е позитивна приказна

Во дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче, општина Аеродром вчера го прослави 11-от роденден во присуство на најблиските соработници и пријатели на општината.

opstina-aerodorm-rodenden-640x427

Поврзани вести

Градоначалникот Ивица Коневски рече дека Аеродром е позитивна приказна, ако се земе предвид фактот дека општината последниве неколку години доживеа голем развој во поглед на инфраструктурата и на условите за живот за граѓаните, кое особено се однесува за младите, за кои се вложува многу енергија, но пред сè финансиски средства за да се подобрат условите за одвивање на воспитно-образовниот процес и за спортување.

opstina aerodorm rodenden1

Исто така, градоначалникот Коневски порача дека економскиот развој на општина Аеродром и понатаму ќе продолжи со несмалено темпо, а со тоа и инвестициите во инфраструктурата и подобрувањето на условите за живот.

Најчитани вести