Свет

Просор: Нема заробен израелски војник

Просор: Нема заробен израелски војник

Израелскиот постојан претставник во Обединетите нации, Рон Просор демантира дека израелски војник е заробен од борците на Хамас во Појасот Газа, јави ДПА.

Хамас соопшти дека вооруженото крило заробило израелски војник за време на копнената офанзива во Газа.

Портпаролот на Бригадите Изедин ал Касам изјави дека е заробен израелскиот војниик Шаул Арон.

Во меѓувреме палестинското Министерство за здравство соопшти дека во израелските напади загинале над 500 луѓе, од кои 130 вчера. Во денешниот израелски воздушен напад во Рафах загинаа девет Палестинци, меѓу кои четири деца.

Во последните 24 часа загинаа 13 израелски војници.