Проштална средба на Попоски и Орав

Заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, одржа проштална средба со Амбасадорот на Eвропската Унија во Република Македонија, Аиво Орав.

Амбасадорот Орав беше целосно ангажиран во нашата соработка, било на полето на реформите, политиките на ЕУ и земјите членки или пак во реализација на ЕУ проектите во Република Македонија, изјави министерот Попоски.

Од аспект на соработката со Европската Унија во текот на мандатот на Амбасадорот Орав, Попоски истакна:

Идното членство на Република Македонија во Европската Унија е добар канал за насочување на долгорочните реформи. Ние ќе се приклучиме во Унија која ќе биде многу поразлична од денешната. Во меѓувреме секое подобрување во судството, поголема ефикасност на администрацијата или повисока заштита на животната средина, како препознатливи ЕУ стандарди, за нас ќе бидат позначајни од самото членство. Во вакви клучни области со цел остварување на постојан напредок имаме редовна соработка со Европските институции.

Посакувајќи му натамошен успех во неговиот нов мандат, министерот Попоски изрази благодарност од досегашниот негов професионален ангажман како амбасадор на Европска Унија во Република Македонија.

Воедно на Амбасадорот орав му беше врачена благодарница за неговиот дипломатски ангажман во име на ЕУ од 2012 година до сега.