Проституција во изборот за Мис на Македонија?!

Лидија Велковска, нема да ја наречам госпоѓица бидејќи не е, е единствената проститутка тука, таа среде ноќ  ми дојде во станот во Охрид, спиеше со мене за 2.400 евра. Таа е манипулатор каков што Македонија досега не видела ни ќе види- со овие и уште полоши зборови бизнисменот Ристо Димовски им се обрати на медиумите на денешната прес-конференција по повод сите случувања деновиве околу организацијата на Мис на Македонија, објави неделникот „Република“, пренесува Нетпрес.

Димовски, кој себе се нарекува познат активист, новинар и македонски патриот и веќе 4 децении живее и работи во Австралија, неколку пати бил спонзор на вакви слични манифестации. Пред неколку дена, организаторката на „Мис на Македонија“, Лидија Велковска, го претстави Димовски како нов организатор на овој избор, за веќе следниот ден, во друго соопштение да се огради од оваа изјава и соработка, поради „основан сомнеж дека тој ќе соработува и со агенции кои се занимаваат со елитна проституција“.

Димовски бил изненаден од овие обвинувања, бидејќи како што вели, иако знаел дека Велковска се служи со лаги, наивно и верувал и решил да и помогне кога таа побарала помош од него за организирање на овогодинешниот избор. Тој најави дека планира на суд да бара правда, иако нема писмени докази бидејќи парите на Велковска секогаш и ги давал на рака или во кревет.

На пресконференцијата се обрати и модниот менаџер Мики Црнокрак, кој сакаше да ги демантира гласините кои Велковска ги упати кон него и неговата модна агенција „Црнокрак“. Тој рече дека со избори за убавина се занимава уште од 1991 годин, поседува 70 лиценци за разни интернационални избори, каде девојките кои ги испратил често се враќаат со по неколку титули, додека оние на Велковска никогаш не влегле во финале.

press mis crnokrak (2) (Small)

Црнокрак ја обвини дека на „Мис на свет“ таа секогаш не претставува како ФИРОМ.

Циркузот околу изборот на Мис на Македонија за Мис на свет започна кога Велковска, која ја поседува оваа лиценца, за изборот побарала помош од Димовски и Црнокрак. Во два дена, бил организиран изборот, а на половина вечер таа на жирито им доделила соопштение дека тоа не е избор за Мис, туку само уште еден кастинг за избор на најубава Македонка, но за следната година. Имено, претходно до организацијата на Мис свет испратила барање оваа година поради недостаток на средства да не се испраќа македонкса претставничка, а одговорот дека тоа барање е прифатено го добила на денот на изборот.

ФОТО: republika.mk