Проститутка обвинета за убиство на директор во „Гугл“

Дваесет и шестгодишната Алекс Кетрин Тичелман е обвинета за убиството на Форест Хејс, директор во „Гугл“, кој беше пронајден мртов на неговата луксузна јахта во Калифорнија на 26 ноември минатата година.

Тичелман, која била омилената девојка на повик на 51-годишниот Хејс, таа вечер на бродот донела поголема количина хероин. Сигурносните камери покажаа дека таа за себе прво си наточила вино, а потоа него му вбризгала дрога, па Хејс починал на самото место од предозирање. Тичелман потоа ладнокрвно го прескокнала неговиот безживотно тело и го испила виното до крај, пренесоа медиумите.

Полицијата со месеци се обидувала да го разреши убиството затоа што на снимката не можеле да ја препознаат.

Хејс е татко на пет деца, а во брак бил 17 години. Со Тичелман се запознале преку интернет, а со години бил нејзиниот најредовен муштерија.