Балкан

Проститутки ја тужат својата Мадам во Хрватска

Проститутки ја тужат својата Мадам во Хрватска

Мадам од Сплит, Хрватска завршила во истражен затвор откако била пријавена од нејзините работнички кои биле незадоволни од поделбата на заработката од 50 отсто.

„Ние се работиме, а таа ги собира парите! Нема да може веќе така“, рекла една од нејзините работнички по своето доаѓање во полиција.

Мадам (55) не била нова во оваа услужна бранша и брзо успеала да организира тим од четири работнички кои имаат волја да продаваат секаков вид на сексуални услуги. Бидејќи и самата порано се занимавала со проституција и било познато што се е потребно за бизнисот да и оди во нагорна линија.

Таа веднаш изнајмила станови и објавила огласи во весниците нудејќи услуги од четири жени на возраст од 31, 36, 38 и 45 години.

Работничките кои биле ангажирани, од почетокот на март до почетокот на август оваа година многу брзо го развиле бизнисот што едвај постигнувале да ги услужат сите заинтересирани клиенти.

Токму поради тоа, односно количината на работата и се поголемата заработувачка довела до конфликт во соработката, бидејќи „шефицата“ според договорот, земала пола од заработените пари. Како што растеле заработените износи, растело и незадоволството на четирите жени кои оцениле дека се недоволно платени.

Со својата шефица не можеле да се договорат, па затоа решиле да ја пријават во полиција. По пријавата, Мадам е уапсен и приведена на испитување.