Бразил2014,Спорт

Проститутките во Бразил разочарани од заработувачката

Проститутките во Бразил разочарани од заработувачката

Освен најверните фанови и бразилските проститутки жалат по европските репрезентации кои порано од предвиденото ставија крај на мундијалската авантура во Бразил. 

Иако имаа големи очекувања, да заработуваат и по 450 евра за една ноќ, бразилските проститутки открија дека заработуваат едвај 100 евра на ден.

“Се што ни остана се Уругвајци, Чилеанци, Колумбијци и Аргентинци. Што имаме ние од тоа? Не плаќаат ништо, секогаш се шворц, се сакаат бесплатно”, изјави едан разочарана проститутка.

Освен дека не се задоволни од заработувачката, бразилските проститутки открија дека Американците плаќаат најмногу, додека Уругвајците се полни со љубов, но слаби со пари.