Магазин

Просторот меѓу Сатурн и прстените изненадувачки без прашина

Просторот меѓу Сатурн и прстените изненадувачки без прашина
(© NASA/JPL)

Просторот меѓу Сатурн и неговите прстени, според сé судејќи, е „релативно без космичка прашина“, соопшти во вторникот американската агенција за вселенски истражувања NASA во врска со ова изненадувачко откритие до кое е дојдено врз основа на податоците кои ги собрала вселенската орбитална сонда „Cassini“.

Станува збор за првата вселенска сонда којашто кон крајот на април се „нурна“ во просторот меѓу атмосферата на Сатурн и неговите прстени.

„Областа меѓу Сатурн и прстените, очигледно, е една голема празнина“, изјавил менаџерот на проектот „Cassini“, Ерл Мејз.

Тоа би можела да биде добра вест за „Cassini“ бидејќи на сондата ќе ѝ овозможи некои од предвидените 21 „нуркање“ да го изврши како диск без антена којашто служи и како штит против честичките од космичката прашина, појаснуваат од NASA. Имено, кога сондата ја користеше антената како штит, беше во првото нуркање недостапна.

Како што истакнува Вилијам Курт, шефот на научниот тим, кој работи со детекторот за космичка прашина RPSW со кој е опремен „Cassini“, тој и неговите помошници неколкупати ги преслушувале податоците од „снимката“ за присуство на честичките прашина со цел да бидат сигурни дека не направиле грешка и оти во „јазот“ меѓу планетата и нејзините прстени нема прашина. Според него, бројот на ударите на честички од космичката прашина врз сондата буквално може да се избројат на прстите од едната рака.

Додава дека ова многу неочекувано откритие ќе им ја олесни работата на пилотите и инженерите на мисијата, односно ќе ги ослободи од дилемата дали да ги ризикуваат деликатните инструменти на сондата додека минува низ прстените и дали да ја подигнат антената за да ја заштитат од уништување.

Сондата „Cassini“ беше лансирана во 1997 година, а орбитира околу Сатурн од 2004 година. Следниот прелет е планиран за вторник вечерта. Во септември годинава е планирано нејзиното последно понирање кон Сатурн, по што мисијата ќе биде завршена.