Протече текстот од тајната директива на ОН за Сирија

Рускиот магазин Коммерсант го објави во неделата текстот од доверливата директива на Обединетите нации во кој се говори дека светската организација е подготвена да помогне во обновата на разорената од седумгодишната војна Сирија само по политичката транзиција во земјата.

Интерниот документ на ОН е датиран од 17-ти октомви минатата 2017 година и е наменет за сите структури на организацијата коишто дејствуваат во Сирија.

„Само по спроведувањето на потполна и сеопфатна политичка транзиција, ОН ќе бидат подготвени да учествваат во обновувњето“ на Сирија, се наведува во текстот од директивата.

Во документот, исто така, се укажува на тоа дека ОН нема да учествува во проекти за обновување на сириската економија, туку станува збор само за хуманитарна помош поради спасување животи и обезбедување на основните потреби на населението.

„Мерките за равој или закрепнување, коишто го надминуваат овие граници, треба да се рефлектираат во други механизми“, се наведува уште во текстот. Притоа приоритетите во укажувањето на помошта треба да се засноваат на потребите на населението, а не на владата.

Автор на документот, според весникот, бил поранешниот заменик на генералниот секретар на ОН за политички прашања Џефри Фелдман. Тој ја напушти оваа должност пролетта оваа година.

За постоењето на тајната директива, којашто им забранува на агенциите на ОН да учествуваат во обновата на сириската економија, во август навести рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Тој тогаш истакна дека обидите на одделни земји да манипулираат со секретариајтот на ОН е недозволиво, а исто така ги повика западните партнери да се откажат од своите намери да ги користат „подземно“ меѓународните организации.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.