Протеински шејк од банана и кикирики

Во било кој од овие „течни оброци“ можете да додадете и овесни снегулки во зависност од количината јагленхидрати што ја внесувате во еден оброк.

Еве рецепт за еден брз и хранлив оброк од блендер што содржи протеини, влакна, масти и јагленхидрати.

Состојки и подготовка:

  • 3 дл  безмасно млеко
  • 1 банана
  • 1 супена лажица путер од кикирики
  • Околу 30 грама протеини

Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте додека смесата не стане глатка.

Состав:

  • 292 калории
  • 35 грама протеини
  • 25 грама јагленхидрати
  • 5 грама масти