Протекоа фотки од новите дресови на ракометарите

Иако сеуште неофицијално, на Фејсбук почнаа да кружат фотки од новите дресови на машката ракометна репрезентација со кои ќе настапат на СП во Катар.

dresovi 2

Дали овие нови дресови ќе и донесат среќа на нашата репрезентација во борбата за што повисок пласман на СП, а воедно и во потерата по Олимпијадата во Рио, останува да видиме од 15-ти јануари натаму, за кога е закажан стартот на првенството.

dresovi 3

Нашата селекција е во група со Хрватска, БиХ, Австрија, Тунис и со Иран.