Протекоа мејлови со погрдни коментари за Леонардо Ди Каприо

Нови скандалозни мејлови се откриени по хакерскиот напад. Овој пат се работи за коментари за актерот Леонардо Ди Каприо.

Разговорот се водел помеѓу претставничката на Сони, Ејми Паскал и продуцентот Марк Гордон. Тие двајца ја коментирале одлуката на славниот актер да го напушти филмскиот проект за коосновачот на „Епл“, Стив Џобс.

Гордон ја прашал Паскал дали тој се откажал поради работата или едноставно се премислил, на што таа му одговорила дека се премислил. Гордон на тоа искоментирал дека тоа е „грозно однесување“, на што Ејми додала дека актерот е апсолутно достоен за презирање.

Ова не е првпат Паскал да се најде во центарот на скандал во кој се плука по некоја славна личност. Да се потсетиме, во нападот на компанијата „Сони“ во јавноста излегоа информации меѓу кои и коментарот дека Анџелина Џоли е „неталентирано разгалено детиште“.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.