Протерани двајца Албанци кои нелегално престојувале во земјава

Двајца албански државјани се протерани од земјава бидејќи престојувале нелегално.

На регионалниот пат Дебар – Маврово кај селото Рајчица, полицијата сопрела возилоод марката „мерцедес“ со струшки таблички, при што во истото биле откриени двајца албански државјани на возраст од 55 и 56 години.

Против истите е поднесена соодветна пријава поради нерегулиран престој и им е одредена мерка протерување од Република Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.