Протест на Албанците во Виена за случајот „Диво насеље“

Група Албанци коишто живеат во Австрија протестираа во понеделникот на улиците во главниот град Виена, против осудата на ткн Кумановската група од македонското судство, пренесува телевизијата Тоp Channel.

На протестот биел истакнати слогани со барање за ослободување на осудените лица, обвинувајќи ја Македонија за шовинистичка држава, го пренсува прилогот порталот Portalb.mk

Нивниот протест се случи десет дена откако Основниот суд Скопје 1 во Скопје ги осуди на 746-годишни казни припадниците на Кумановската група, обвинети за тероризам за настаните од 9-ти и 10-ти мај во комапновската Дива населбан во мај 2015 година, се додава.

Во петокот, косовската влада информираше дека ќе обезбеди 219.000 евра за покривање на трошоците на членовите на семејствата на осудените лица. Секое семејство, како што објасни премиерот Рамуш Харадинај, ќе добие 10.000 евра од Косовскиот буџет.

Добар дел од 37-те осуденици во Скопје се од Косово и поранешни припадници на УЧК. Имаше бројни протести во Косово против одлуката на Македонскиот Суд, а самиот Харадинај го повика својот амбасадор од Скопје за консултации. Според него, е потребна меѓународна истрага за подобро да се олесни ситуацијата.

Издавачот на весникот Koha Ditore, Флака Сурои остро одговори во неделата на оваа одлука, велејќи дека распределувањето пари од државниот буџет на роднините на осудените лица за кривични дела во друга држава нема никакво значење.

„Имаше сериозен инцидент во Куманово, каде што 18 лица загинаа. Не разбравме со каква цел отидоа вооружени косовари таму“, пишува таа на Фејсбук.