Протест на градоначалниците и локалните службеници во Грција

Локалната администрација во Грција денеска ќе биде затворена на три часа поради протестот на градоначалниците и локалните службеници пред зградата на Парламентот во Атина против наредбата на Владата да префрлат парични резерви од општинските претпријатија во Централната банка за да и помогнат на земјата да ги изврши своите финансиски должности и да избегне банкрот, објави МИА.

Поради „симболичниот“ протест институциите на локалната власт ќе бидат затворени од 12 до 15 часот со исклучок на социјалните служби.

Одлуката за тоа беше донесена од раководството на Сојузот на општините во Грција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.