Протест на граѓанската иницијатива „Протестирам“ во Скопје

Протест на граѓанската иницијатива „Протестирам“ во Скопје
Протест на граѓанската иницијатива „Протестирам“ во Скопје

 Поддржувачите и активистите на граѓанската иницијатива „Протестирам“ вечерва организираа протест во Скопје.

Тие ги повторија барањата: Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство, формирање преодна Влада, учество на граѓанскиот сектор во какви било преговори во иднина и оставка на претседателот Ѓорге Иванов. Изразија поддршка и за работата на СЈО.

Активистите пред порта „Македонија“, со црвена боја го запишаа бројот 4. Поставија платно, долго 20 метри на зградата спроти „Порта Македонија“, на кое пишува „Уставен за СЈО 4“. Со тоа, како што велат, потсетуваат дека остануваат уште четири дена до исполнување на нивните барања.