Протест на грчките воени и полициски службеници

Грчки воени и полициски службеници денеска протестираа пред Канцеларијата за сметководство на Министерството за финансии, во центарот на Атина, поради намалување на нивните плати.

Демонстрантите бараа да се сретнат со заменик-министерот за финансии, Јоргос Хулиаракис.

Грчкиот Државен совет, највисокиот административен суд во земјата, на почетокот на оваа година ја потврди жалбата на воениот и полицискиот персонал против намалување на нивните плати, спроведено од страна на Владата во 2014 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.