недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 1

Протест на мигрантите пред зградата на Европската Комисија во Атина

Околу 1.500 мигранти и бегалци протестираа пред зградата на Европската Комисија во центарот на Атина поради договорот помеѓу Европската Унија и Турција, што во целост ќе почне да се применува од понеделник, пренесува „Танјуг“.

migranti-pireja-2

Поврзани вести

Околу 1.500 мигранти и бегалци протестираа пред зградата на Европската Комисија во центарот на Атина поради договорот помеѓу Европската Унија и Турција, што во целост ќе почне да се применува од понеделник, пренесува „Танјуг“.

„Отворете ги границите“, „Ние сме бегалци“ – извикуваа синоќа мигрантите и бегалците од Сирија, Авганистан и другите земји додека поминуваа покрај парламентот на пат до зградата на Европската Комисија.

Ним, како што пренесува агенцијата АП, им се придружиле и голем број Грци што ги поддржуваат.

Според договорот меѓу ЕУ и Турција, Анкара би требало да ги сопре мигрантите на патот кон Европа и да ги врати сите луѓе од Грција што не поднеле барање за азил.

Најчитани вести