Протест на „пленумци“ против изборот на новиот студентски лидер

Протестот на студенти од Студенскиот пленум и нивни поддржувачи, против, како што велат, нерегуларниот избор за претседател на студентите, вечерва почна пред седиштето на Студенскиот парламент при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Во моментот студентите кои протиестираат се наоѓаат на платото на УКИМ.

Бараат поништување на изборите за претседател на СПУКМ од страна на Изборната комисија на СПУКМ или в.д. претседателот на СПУКМ, Кирил Спировски, изјаснување на Универзитетскиот сенат, Ректорската управа, Ректорот и проректорите и МВР им ги достави извештаите во кои се согледува зошто беа распоредени специјални единици на мирната блокада која се случи пред просториите на Студентскиот парламент.

Во спротивно, најавија дека пленумот ќе ја опструира работата на Студенскиот парламент, ќе го бојкотира почетокот на академската година и нема да ги уважува одлуките на универзитетските тела.

 

Инаку, од Студенскиот парламент соопштија дека нов претседател на студентите е Давор Поповски, кој освоил 3.851 гласови. Вториот кандидат, Стефан Василевски, според Студентскиот Парламент, освоил 1.275 гласови.